gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

mali-gradi2Во последно време многумина работат на тоа да смислат што подобар градник кој визуелно ќе ги зголеми женските облини. Но, знаете ли дека постојат три научни докази зошто е подобро да имате мали гради?

Многу жени со мали гради честопати очајуваат зошто мајката природа била скржава со нив, па често носат пуш-ап градници за да визуелно го зголемат оној дел од телото со кој не се гордеат. Но, сега научниците докажаа некои нешта кои веројатно жените со мали гради не ги знаат.

Еве три научни докази кои одат во прилог на малите гради:


- Едно истражување направено во Виена покажало дека големите гради не се толку чувствителни како малите. „Големите гради содржат повеќе масно отколку жлездено ткиво - кое е најчувствителниот дел“ - тврди сексологот Рејчел Рос. „ Тоа е воедно и причина зошто малите гради е полесно да се стимулираат за време на предигра.

- За време на самопреглед многу е полесно да напипате грутка кај малите гради, бидејќи малите гради имаат помалку слоеви под кожата“ - тврди онкологот Мариса Вајс. „Малите гради се и подобри за вратот. Поголемите гради се потешки и вршат притисок на целото тело. Големите гради го менуваат и држењето на телото, вратот е напнат, и зголемена е можноста за чести главоболки“ - додава таа.


- Во времето кога луѓето живееле во заедници, мажите имале начин да одредат која жена е стара. „Морале да обрнат внимание на физичките знаци“, вели докторот и психолог Сатоши Каназава. „Големи гради за нив биле показател дека е во прашање постара жена. Кога жената има мали гради, многу е потешко да се процени колку години има. Со оглед дека малите гради се помалку погодени од гравитација, подолго време остануваат цврсти и сексипилни“ - додава докторот.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode