gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Многу жени не ја сакаат зимата баш поради тоа што не си се допаѓаат како изгледаат во капут.

За да изгледате атрактивно и во зимата научете како да одберете капут кој најмногу одговара на вашиот облик на тело и ја истакнува вашата фигура, а ги сокрива недостатоците.

ТЕЛО ВО ОБЛИК НА ЈАБОЛКО
Вашиот најголем проблем е средниот дел од телото, а наместо да го покриете со дебела јакна, пробајте со капут кој ќе ви помогне да го истакнете струкот. Напумпани јакни и капути кои личат на скијачка опрема, никако не се за вас. Одберете струкиран капут со средна должина, никако краток. Исто така јакни со „V“ израз кои се закопчуваат под градите, се навистина добар избор за вас.

ТЕЛО ВО ОБЛИК НА КРУША
Колковите и бутовите се нагласени во однос на останатите делови од телото, па изберте капут со впечатлива крагна која ќе го оттргне погледот од критичните делови. Исто така може да ви помогне и јакна со необични ракави.

ТЕЛО ВО ОБИЛИК НА ПЕСОЧЕН ЧАСОВНИК
Бутовите и горниот дел од телото ви се поизразени, додека половината ви е тенка, па капут кој има ремен одлично ќе ви прилега. Избегнувајте широки капути бидејќи тие ќе го сокријат струкот и ќе направат градите да ви изгледаат уште поголеми. Избегнувајте и премногу тесни јакни.

АТЛЕТСКИ ТИП
Имате мали гради и тесни колкови. Побарајте шик капут со додакот на крзно околу вратот и на градите со што вашите гради ќе игледаат поголеми.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode