gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Џесика Пастор, стилистка која со години работи со актерката Емили Блант, откри дека стилистите добиваат меѓу 30.000 и 50.000 долари само затоа што се облечени во одредени парчиња облека.

Актерките можат да заработат меѓу 100.000 и 250.000 долари со само едно појавување во јавност.

Голем број модни брендови на ова гледаат како на голем маркетиншки трик и можност да ја рекламираат сопствената облека, а ѕвездите носат облека која им се допаѓа и за тоа се платени.
Неверојатна заработувачка и корист од појавувањето на познати убавици на црвениот килим имаат токму стилистите.

Бројките, сепак, се многу помали кога станува збор за оние кои допрва се обидуваат да го етаблираат своето име на сцената на вечно млади, богати и славни. Но, доколку еден дизајнер, без оглед за кого станува збор, сака креацијата да му носи Шарлиз Терон, Џенифер Лоренс, Селма Хаек, Пенелопа Круз, Мила Кунис или Анџелина Џоли, мора во старт да биде подготвен да плати неколку стотици илјади долари.

Модните познавачи се согласуваат со фактот дека лошиот избор на фустан на црвениот килим може многу да штети на нечија кариера, но исто така добриот избор може и од релативно непознати дами да направи големи ѕвезди.
Една од „најозлогласените“ актерки по прашањето експонирање накит на одреден дизајнер е Гвинет Палтроу.
Таа на доделувањето на наградите „Оскар“ 2012 година носеше дијамантска алка за која сите модни критичари коментираа дека е хит. Но, кинеската дизајнерка на накит Ана Ху и платила на актерката цел милион долари само да го носи нејзиното парче накит. Една година пред тоа Гвинет на истата свечена церемонија се појави со накит со потпис „Луј Витон“, а за таа „услуга“ добила полавина помалку пари - „само“ 500.000 долари.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode