gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Манекенката Ају Гани е прогласена за „Топ модел на Азија“ за 2015 година.

Во финалето на сеазискиот натпревар, 23-годишната манекенка од Џакарта ги победи соперничките од Филипините и Сингапур.

Гани е првата девојка од Индонезија што успеала да биде учесничка во финалното шоу, кое годинава се одржа во Сингапур, а го пренесуваа голем број ТВ куќи од Азија.

Пресудно за да биде прогласена за најдобра, според жирито, биле нејзината фото сесија и начинот на кој таа на модната писта ги носела убавите и скапи креации на познати модни дизајнери од Азија и САД.

Титулата „Топ модел Азија’’ носи повеќе договори за рекламно лице во кампањи на десетина компании, серија патувања наиз повеќе држави и скапоцен автомобил.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode