gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Доколку сакате да имате здрави коски, добро расположение, подобар тен и силни мускули, уживајте во предностите кои што Ви ги овозможува летото и како никогаш претходно дајте си шанса есента да ја дочекате силни радосни и весели.


letoД-р Мехмет Оз, кардиолог и еден од најпознатите американски експерти за здравство, нуди пет совети за подобрување на вашето здравје во текот на летните месеци.

1.Уживајте во сонцето
Меланомот не се добива поради излегувањето на сончевите зраци, туку само поради изгореници. Значи, бидете внимателни да не изгорите, инаку секојдневно можете да излегувате на сонце.  Со тоа ќе ги добиете потребните количини на витамин Д и низа други хранливи материи кои што е невозможно да ги добиете по пат на капсули, а ќе Ви се поправи и расположението. Против брчки сигурно користите креми, но на телото, нозете и рацете им треба барем 15 минути дневно да се изложат на сончевите зраци без заштитна крема. Уживајте, ама внимавајте тоа да не биде во времето на најсилното зрачење од 12 до 16 часот.

2.Пешачете
Летото е идеално време за пешачње. А одењето е единствената активност со која ќе го одржувате здравјето во добра форма и ќе го продолжите животот. Лето е, затоа излезете надвор и пронајдете изговор барем половина час да шетате по свеж воздух. Не морате да вежбате, само шетајте и бидете слободни.

3.Внимавајте на здравата исхрана и роковите
Бидете внимателни со рокот на траење, внимавајте и на храната која е подолг период во фрижидер, а овошјето и зеленчукот добро измијте го. Купувајте локални производи, свежи се, богати со хранливи материи и обично се поефтини.

4. Не јадете загорено
Ако правите скара, внимавајте рибата, месото или зеленчукот да не Ви загорат. При печењето доаѓа до формирање на канцерогени супстанции – не ги консумирајте јагленосаните парчиња. Месото секогаш маринирајте го пред печењето, така се намалува количината на штетните состојки кои настануваат при печењето

5. Лето е – уживајте во љубовта
Срцето мора да има причина поради кое ќе продолжи да чука. Летото не е време за занемарување на љубовта, пронајдете го она што го сакате и посветете се на тоа. Пред се посветете се на оние кои ги сакате, организирајте активности кои што ќе ги правите заедно, нешто ново, нешто што ќе Ве поврзе и ќе го направите Вашиот однос многу посилен. Ова не се однесува само на романтичните врски, туку и на семејните и пријателските исто така.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode