gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

CREATIVE MACEDONIA Ве поканува на ВТОР НОВОГОДИШЕН БАЗАР

novogodisen Bazar

Повелете на 8-ми Декември во хотел Континентал заедно да го почувствуваме духот на празниците и да ги понесеме боите на честитките.

Над 85 ракотворци ќе ви ги понудат своите рачни изработки, ќе ви дадат идеи за уникатни подароци, за збогатување на вашиот дом, работно биро или едноставно за ваш личен новогодишен мерак.

Спремете се за целодневен престој и најавете дома да не ве чекаат за ручек, бидејќи овој Базар има програма поради која нема да сакате да си заминете. Проекција на цртани, детска претстава, магично шоу, музички бендови, штиклирање на шопинг листи, честитки и насмевки се на репертоарот на нашиот Базар.

Слободен влез!

Програма

  • 12:00- Магично шоу
  • 13:00- Arthur Christmas'
  • 15:00- Школа за гитара Бојковски
  • 17:00- Детска претстава- Дедо Мраз кај Црвенкапа
  • 18:00- Школски бенд на СУГС Раде Јовчевски- Корчагин
  • 19:00- Рецитал на англиски и француски јазик

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode