Напишано од Eлена Вторник, 21 Декември 2021 13:06
Од декември 2021 година „Хемофарм“ на македонскиот пазар ги нуди познатите производи на компанијата „Санофи“ – Buscopan, Bisolvon и Dulcolax.
Договорот на овие две мултинационални компании опфаќа дистрибуција на околу 50 брендови на Санофи, меѓу кои се производи за ублажување на кашлица и настинка, против алергиски реакции, за ублажување на болки, за подобра работа на органите за варење, додатоци во исхранaта итн.
Роналд Зелигер, генералниот директор на Хемофарм изјави: „Наша цел е на секој здравствен проблем да одговориме со соодветен лек или навремено превенирање. Со проширувањето на нашиот асортиман со брендовите како што се Buscopan, Bisolvоn и Dulcolax, потврдуваме дека сме партнер на кој лекарите, фармацевтите, пациентите и потрошувачите ширум земјата може да му веруваат.
Хемофарм кој функционира во рамките на групата Штада, го превзема дистрибуирањето и авторизацијата за трговија на асортиманот на брендовите за широка потрошувачка на компанијата Санофи, со што дополнително ја прошири понудата на производи за пациентите и потрошувачите во Северна Македонија. Bisolvon, Buscopan, Essentiale Forte N, No-Spa и Dulcolax се само некои од познатите брендови предвидени во договорот помеѓу Штада и Санофи, а ќе бидат достапни и во Северна Македонија со посредство на Хемофарм.
„Нашето широко портфолио од лекови и медицински средства представува начин на пристапување на здравствените проблеми и потешкотии кај пациентите преку современи фармацевтски решенија. Дополнувајќи нови брендови како што се Bisolvon, Buscopan и Dulcolax, Хемофарм потврдува дека е партнер на кој може да му веруваат лекарите, фармацевтите, пациентите и потрошувачите ширум земјата, бидејќи нуди модерни решенија за различни здравствени проблеми кај населението“, истакна директорот Зелигер.
На овој начин, на почетокот на зимската сезона Хемофарм го проширува постојното портфолио на брендови против кашлица, настинка, репираторни болести, дигестивни проблеми и алергиски реакции
Последни објавени во оваа категорија
- Два нови летни вкусови на Вива Фреш соковите
- Саем на мебел со богата понуда и попусти за уредување на домот
- Прогласени најуспешните мажи во Македонија
- Интегрираните туристички понуди за развој на активен, одржлив и рурален туризам во Брегалничкиот регион
- Има милион причини и само еден инстант начин да станеш милионер
- „Вива ла Вида чаши у вис, живели!“