Напишано од Eлена Понеделник, 07 Ноември 2022 13:39
Интегрираните туристички понуди во Брегалничкиот регион се производ на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – излезна фаза, проект на Владата на Швајцарија, координиран од Фармахем од Скопје.
По прогласувањето на дел од Осоговските планини (2020) и Малешево (2021) за заштитени подрачја, регионот добива нова можност за развој во насока на подобрување на социо-економските услови за живот, во хармонија со природата.
Како дел од компонентата за развој на активен, одржлив, алтернативен и рурален туризам, во рамки на проектот во изминатава година се спроведоа активности за подобрување на туристичката услуга во регионот и внесување на нови како и подобрување на постоечките содржини кои се нудат. Заедно со тур операторите Balkan Prime Tours и Mountain experience беа поддржани 8 различни даватели на услуги од областа на туризам кои нудат автентични активности за туристи, без негативно влијание врз околината.
Заштитените подрачја и нивната околина треба да се развиваат во насока на одржливо користење на природата, зачувување на локалните традиционални обичаи и начин на живот, промоција на убавините кои ги имаат и мотивација за населението кое живее таму да престане да ги следи трендовите на миграција кон урбаните средини или надвор од државата.
Поддржаните иницијативи вклучуваат: работилница за рачно изработен сапун од природни состојки http://mysoap.eu.mk/ во Мојот сапун, посета и престој во Едукативен центар за зачувување на природата во Негрево https://ecnegrevo.mk/ , ранч за коњи и терапија со животни Countryside retreat https://the-countryside-retreat.business.site/, дегустација и престој на овчарска фарма Агро Чука, часови по традиционална музика во етно-културен центар Алачки во Владимирово, планински велосипедизам на Осогово и Малешево преку здружение на граѓани за развој на заедницата од Берово и хотел Градче https://www.facebook.com/eurohotelgradce и апитерапија на пчеларска фарма Кладенче.
Повеќе од 10 години, Владата на Швајцарија преку Програмата за зачувување на природата помага за одржлив развој на Брегалничкиот регион преку спроведување на низа активности поврзани со зачувување и промоција на биолошката разновидност. Повеќе информации за проектот може да се најдат на http://www.bregalnica-ncp.mk/dokumenti/
Овие активности се поддржани од „Фондација д-р Михаил Левенски“ чијшто тим сесрдно ја поддржува оваа иницијатива, согласно мисијата за негување на човекољубие и природољубие, преку зачувување на природата и наследството на нашата земја, а посебно на Малешевијата и селото Владимирово - родносто место на Д-р Михаил Левенски.
Последни објавени во оваа категорија
- Од Македонија низ светот секаде се користи овошната каша од вишна од Компанијата Вивакс
- На снимање на кампањата за Вива соковите
- Летото може да започне
- Два нови летни вкусови на Вива Фреш соковите
- Саем на мебел со богата понуда и попусти за уредување на домот
- Прогласени најуспешните мажи во Македонија