Напишано од radio.fortuna Понеделник, 30 Мај 2011 11:16
Концерт за кој се зборува со денови, претстава која се чека со нетрпение и се гледа по неколку пати, филм кој Ве остава без здив. Цел час посветен на најдобрите настани, случувања, фестивали, атрактивни манифестации...
Ова е и термин и за личностите на кои им симнуваме капа, за најдобрите, најозборуваните и најактуелните кои заслужуваат БРАВО!
Кои се тие?
Дознајте и бидете и вие дел од најдобрите "Браво" приказни, раскажани од Надица, секој ден од 10 до 11 часот, уште попривлечни за Вас благодарение на секојдневните мали изненадувања.