gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

sako_mango1Изберете меѓу елеганција, класика или младешка оригиналност. Модните трендови оваа сезона во голем дел се ослонуваат на пролетните јакни, или поконкретно - на сакоата. Тие се застапени во речиси сите овогодишни колекции и претставуваат вистинско освежување за сечиј плакар.

Сакоата се сметаат за дел од традицијата на осумдесетите години, кога биле најпоплуарни, а до денес во својот облик ја задржале едноставноста и елеганцијата. Сепак, модните креатори во денешно време на безвременското сако му дадоа свеж дух додадавјаки футуристички елементи - високи рамена, превртени ракави и необични кроеви. Со тоа, комбинирајки ја вашата омилена облека со сако, можете да покажете максимум од Вашата креативност и стил.

Поиграјте се со асиметријата и комбинирајте,на пример, пократко сако со панталони со висок струк. При тоа привлечете внимание со едноставен каиш кој можете да го закопчате или да го заврзете. Доколку сте пак повеке класичен тип, веројатно ке се одлучите за еднобојно или подолго сако. Ваквите сакоа ке ја истакнат Вашата фигура, осбено ако имаат два реда копчиња, односно елементи од таканаречениот милитаристички стил.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box