gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Gwen_Stefani

Некои од омилените женски трендови, кога е убавината во прашање, всушност можат да бидат многу непривлечни за мажите - покажала најновата анкета која ја спровеле американските научници. Еве каков изглед преферираат жените, а не им се допаѓа на мажите:

ДЕБЕЛ СЛОЈ ПУДРА
Пудрата во слој од неколку милиметри е нешто многу непривлечно – вели Ник Лефтил, уредникот на машкиот магазин „Максим“, додавајќи дека ниеден маж не сака да бакне жена во образот, и притоа цела пудра да му остане на устата. Мажите изјавиле дека повеќе би сакале нивната партнерка да има природен изглед, со неизедначен тен, отколку таа да има неколку слоја пудра на себе.

НАТАПИРАНИ ШИШКИ
Натапирани шишки наназад кои се носат на врвот на главата станаа тренд откако познатите ѕвезди почна да ги носат (Gwen Stefani е одличен пример), но мажите не се обожаватели на ваква фризура.

  • Не разбирам зошто некој би носел фризура која ја прави главата непропорционално голема - истакна Хенри Беланджер, уредник на машкиот онлајн портал "The Good Men Project".

НАПАДЕН КАРМИН

Иако стилистите препорачуваат кармини во јаки бои како неизбежен стил за оваа сезона, мажите мислат сосема поинаку. Многумина од нив изјавиле дека корално црвен, портокалов или друг впечатлив кармин може да делува збунувачки, и дека усните многу подбро би изгледале во некоја поприродна розевкаста боја.

ТЕНКИ ВЕЃИ
Суедјќи по одговорите на испитаниците, премногу тенки веѓи кај мажите оставаат впечаток дека сте природно многу влакнести, и затоа имате потреба толку да ги кубете.

  • Тенките веѓи се реклама дека сте природно влакнести повеќе и од Роби Вилијамс објаснува еден од мажите учесници во анкетата.

senkiСМЕЛА СЕНКА ЗА ОЧИ

  • Не разбирам зошто сенката за очи во дречливи бои упорно се враќа во мода секоја сезона. Дали треба да делува ретро? Дали е намерно премногу нагласена? Без обзир на тоа каков впечаток жената би сакала да остави, мене тоа секогаш ми изгледа старомодно - вели уредникот на порталот „Максим“.

РУМЕНИ ОБРАЗИ
Повеќето мажи изјавиле дека не сакаат руменило и сметаат дека руменилото е добро само за старите жени и бабите. И за овој дел од шминката мажите се изјасниле дека повеке сакаат неприметна шминка, која дава природен изглед.

СВЕТКИ
Припадниците на посилниот пол светките ги сфаќаат како зачин - ако ги користите умерено, лицето ќе изгледа убаво, но ако ги ставите во огромни количини, вкупниот впечаток ќе биде лош. Интересно е дека повеќето мажи изјавиле дека не им пречи ако партнерката има светки на нејзиното деколте.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box