gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

bon_jovi1Рок-групата "Бон Џови", со настапот во Загреб, на осми јуни ќе ја почне најавената голема светска турнеја„THE CIRCLE TOUR". Бендот, кој скоро три децении е на сцената и кој ја носи титулата амбасадор на америчкиот rock & roll ќе одржи концерт на стадионот Максимир .

Земајки го во предвид фактот дека овој бенд никогаш до сега нема настапувано на овие простори, овој концерт на Бон Џови ќе биде еден од најголемите концерти одржани на Балканот.

Европската турнеа во која Бон Џови ќе посети 24 европски градови ќе ја започне токму со концертот во Загреб.

Дел од хитовите на Бон Џови се:
'You Give Love a Bad Name', 'Livin' on a Prayer', 'Wanted Dead or Alive', 'Bad Medicine',
'I'll Be There for You', 'Keep the Faith', 'Bed of Roses', 'Always', 'It's My Life',
'Have a Nice Day', 'Everyday' и 'Who Says You Can't Go Home'.
30 000 влезници се пуштени во продажба а  побарувачката е огромна.
Во Скопје  влезниците можете да ги набавите во Југотон а  поделени се  во неколку категории:

ВИП ЛОЖА (PL1) 7.400ден.
DIAMOND RING (PL2) 17,600ден.
GOLDEN CIRCLE (Fan Pit, PL3) РАСПРОДАДЕНО
PARTER (PL4) 3,400ден.
СЕДЕЊЕ I 4,300ден.
СЕДЕЊЕ II 3,400ден.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode