gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Не дозволувајте себеси да губите време во врска во која не сте среќни. За такво измачување не е оправдување ниту тоа што сте со години заедно со партнерот.

Запишете ги на лист хартија сите предности и сите мани на вашата врска. Тоа ке ви помогне да сфатите колку всушност проблеми имате. Секако дека разговорот може секогаш да ви помогне, но ако и после бројни муабети нема напредок, свртете нова страница. 

Психологот Кристен Мишинген наведува 5 типиччни симптоми кои покажуваат дка е време да ставите крај на вашата љубов.

1. Прв симптом дека треба да раскинете со партнерот е ако тој ви ја руши самодовербата. Ако поради него се чувстувате хрончно лошо, оставете го. Лесно е да се каже а тешко да се направи тоа, но само запрашајте се зошто би трошеле време со некој кој ви ја руши самодовербата. Вербалното злоставување е исто како и физичкото. Според психолозите, лошиот збор е еднакво тежок и болоен како и шлаканица.

2. Сака да ве промени. Немојте никогаш да бидете  нешто што не сте само поради тоа што вашиот партнер така сака.Ако тој не е срекен со вас затоа што сте такви какви што сте, тоа е знак дека тој не е вистинската личност за вас.  Треба да пронајдете некој кој од вас ќе го извлече најдоброто, а не некој кој ќе сака да ве обликува според неговите желби.


3.  Секогаш ги прекршува ветувањата. Доколку партнерот не ги исполнува дадените ветувања, и покрај тоа што му кажувате дека тоа не е убаво, тоа е уште еден знак дека треба да се разделите од него. Таквото негово однесување е знак дека не сте му доволно важни за да се потруди да го исполни своето ветување. Според психолог Мишинген, во овој случај, не можете ништо да промените.

4. Никогаш не е тука кога ви е потребен. Ако се случува партнерот да не одговоара на вашите повици по неколку часа, или уште полошо – неколку дена, реагирајте веднаш. Ова е се почесто однесување кај таканаречените современи мажи. Немојте да наседнувате на оправдувањата дека немал дооволно време, инаку нема да можете да го најдете ниту кога ке ви биде навистина многу потребен.

5. Ви се заканува дека ќе ве остави.Немојте да останувате со партнер кој е во состојба да ви се заканува со разделба и поради најмали ситници. Штом ке изговори такво нешто , веднаш завршете ја приказната. Во секоја врска има проблеми, но ако вашиот партнер или партнерка не е подготвен/а да разговара за проблемите за да ја зацврсти вашата љубов, тоа значи дека не знае што значи да се биде во врска и

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box