gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

30g1Некогаш се мислело, кога жената ќе наполни 30 години, за неа веќе доаѓа крај за многу работи: крај на младоста, крај на забавата, крај на авантурите. Време е жената да стане посериозна. Ако до 30 не била мажена и немала дом и деца, за неа, кај нас во минатото се велело: остана стара мома.

Денес за среќа е малку поинаку – на многу жени воопшто не им паѓа тешко ако до триесетата не се омажени или немаат деца. Сепак, и понатака триесеатта година се смета за некоја важна точка – повеќето тинејџерки сметаат дека кога ќе наполнат 30 години, ќе имаат среден живот, како на материјален така и на емотивен план: ќе имаат постојан партнер, можеби деца, ќе постигнат завидни резултати кога е кариерата во прашање.А кога ќе дојдат триесетите години, најчесто не е така како што многумина замислувале.

Со оглед на сите либерални ставови и на подолгиот животен век, кога ќе наполните 30 години, можете релативно опуштено да сфатите дека имате уште многу многу време пред вас и да го остварите она што сте си го замислиле. Сфатете дека не постои само еден,стандарден пат до среќа, така што себеси можете да се сметате за успешни кога ќе го постигнете вашиот замислен пат. А доколку имате добра работа, партнер и деца? Супер ! Доколку пак се гледате со партнерот, немате сеуште деца и не за брзате да ги имате, градите кариера? Повторно супер! Моментално сте сами, ама лудо се забавувате и работите на кариерата? Погодувате – и тоа е супер.

30gТриесетите веќе не се период кога задолжително треба да сте го постигнале она значајното. Наместо тоа, триесетите стануваат време кога жените созреваат и кога откриваат што е она што навистина им значи и што навистина сакаат да постигнат. А потоа  – правата акција почнува !

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box