gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

vlatkoistefanНајпознатиот македонски гитарист, Влатко Стефановски заедно со „чудото од дете“, виолинистот Стефан Миленковиќ ќе одржат концерт на 1 август на Античкиот театар во Охрид, во рамките на фестивалот Охридско лето.
Со оглед на успехот што го доживеа овој проект на неодамнешната премиера во Белград, концертот ќе биде промовиран и во Македонија.

Идејата е да се спојат двајца инструменталисти - виртуози, еден на гитара, друг на виолина, да се спојат световите на класичната и рок-музиката и да се сподели искуството на импровизацијата и музичкиот дијалог.

Според најавата ова ќе биде концерт на кој двајцата виртуози ќе направат вистинско уметничко доживување со многу динамика и ритмички изненадувања.

Програмата на концертот е базирана на теми од традиционалната македонска музика, дел од стандардниот репертоар на Стефановски, но вклучува и дела од класични композитори како Ерик Сатија, Дебиси, Моцарт и Дворжак.

Ова е дел од концертот на Влатко Стефановски и Стефан Миленковиќ одржан во Сава Центар во Белград на 22. 12. 2010.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode