gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

seksvokadaРазговарајте со Вашиот сакан да ги сподели со Вас своите фантазии – и споделете го она што вам Ви е на ум. Тоа може да донесе право освежување во Вашиот сексуален живот и да Ви помогне двајцата да се чувствувате повеќе сакано. Еве што ќе Ви помогне да се отвори кон Вас

1.Дајте му сигурност
Направете “безбедна зона” така што јасно ќе му дадете до знаење дека нема да му се лутите или да му судите поради некои работи кои тој ќе Ви ги открие или истите ќе се разликуваат од Вашите.

2.Прашајте го за фантазиите кои ги има со Вас
Избегнувајте отворени прашања: “Кои се твоите фантазии?” Вака отворено прашање му остава простор да си каже и што треба и што не треба . Наместо тоа, пробајте со следното прашање “Дали некогаш си фантазирал за нас што се може да правиме?”  На тој начин, тој може да подели некои побезбедни размислувања.

3. Дајте му опции
Препуштете му повеќе опции, за да има избор со прашањата од типот: “Како би сакал повеќе да ме гледаш – облечена во медицинска сестра, ученичка, или од глава до пети во кожа”?. Ќе биде во ситуација да ги открие своите параметри а притоа нема да покаже дека е незадоволен од она што во моментот го има покрај себе.

4. Понудете му некои секси примери
Мажот може да се почувствува посигурен, ако Вие почнете да зборувате за фантазиите од некои сцени од филмови, еротска книга и сл. Така можете да добиете повеќе лични одговори поставувајќи го прашањето: “Дали некогаш си фантазирал за тоа?”

5. Искажете благодарност за споделените мислења
Што и да Ви каже, наградате го со “Благодарам – Драго ми е што тоа го знам за тебе и драго ми е што своите размислувања ги делиш со мене.” Со тоа ќе поставите цврсти темели за интимни разговори во иднина.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box