Напишано од Надица Вторник, 05 Јули 2011 06:00
Јелена е долгогодишна љубов на Новак Ѓоковиќ. Жена која го прати и му дава поддршка на скоро сите турнири. Му дава сила да издржи. Новак во еден момент за неа изјави:
“Навикната е на се. Јелена знае каква е мојата работа. Таа е изградена личност, магистeр по економија. Сега го подготвува докторатот, има своја работа и нејзината несебична поддршка многу ми значи.”
Во ниеден момент, нити Јелена, нити Новак не реагираа на бројните пишувања во медиумите за излетите на Новак и шпекулациите дека тој се забавува и ја изневерува својата драга позади грб.
Наместо да троши енергија на демантирање, Јелена секогаш е покрај Новак, подготвена да го поддржи. Заедно се прошетаа по црвениот тепих во Кан. Новак и подготви убава интимна вечер во “потполен мрак” ресторан за слепи и на крај се сликаше со најголемиот трофеј во кариерата на Новак Ѓоковиќ.
Популарниот Ноле изјави дека Јелена е девојката на неговиот живот, и дека е подготвен со неа да има семејство и многу деца. Се зборува дека врската ја потврдиле со веридба...
Па, можеме ли тогаш со право да прашаме дали позади секој успешен маж стои успешна жена, пресудете сами?
Последни објавени во оваа категорија
- ЛЛ Кетеринг ќе донира храна во Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје
- Силк Роуд Банка ја предаде втората донација на Клиниката за детски болести
- Шопинг изненадување со American Express на Силк Роуд Банка
- Среќни Новогодишни и Божиќни празници
- ВТОР НОВОГОДИШЕН БАЗАР
- ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ, добитник на годинешната награда за најголем пораст од WOCCU во светот