gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

workingЗа долг и здрав живот треба многу да работите, да ги бирате пријателите и да сакате. Разведените мажи живеат пет години пократко од оженетите, а луѓето со стресните работи живеат подолго од оние кои пред време се пензионираат, открива едно истражување. Ова се нештата на кои треба да обрнете посебно внимание...

Бидете совесни
Ова е еден од најдобрите индикатори за долговечност, а означува способност на зрело размислување и реален пристап на животот. Совесните луѓе се почувствителни, помалку пушат и рационални се во пиењето алкохол, поспоро и повнимателно возат, и претпазливо ги трошат парите.

Истражувањето покажува колку што е човекот посвесен, тој живее подолго, а тоа се поврзува со разните одредени хемикалии во мозокот, вклучувајќи го и невротрансмитер серотонин. Докажано е дека луѓето со пониско ниво на серотонин се поимпулсивни во донесувањето одлуки и помалку се свесни. Совесните луѓе се посклони кон формирање на здрави партнерски, пријателски и семејни односи, што исто така е важен фактор за долговечност.

Селективноста е добра
Луѓето кои се премногу друштвено активни и кои имаат широк круг на пријатели и познаници, живеат пократко од оние кои што имаат селектирано круг на пријатели и кои имаат построги критериуми во одбирањето на своето друштво. Додека позитивни, добронамерни луѓе не поттикнуваат да бидеме и ние такви, оние кои што се емотивно нестабилни ни ја крадат енергијата.

Без страв
За повеќето луѓе, ирационалните стравови и сомнежи се вообичаени, но она што има најголемо влијание врз должината на животот е она што научниците го нарекуваат "катастрофално размислување."
Тие откриле дека мажите кои имаат "црна мисли" поголема е веројатноста да умрат во несреќа или како жртви на насилство, додека кај жените нема ваква најава. Бидете оптимисти

Физички активности
Физичкото здравје е клучен фактор за здрав и долг живот, ама не и она кое е присилно исфорсирано. Истражувачите докажаа дека луѓето кои се вклучени во тимски активности живеат подолго од оние кои вежбаат во теретана.

mazi-i-zenaСамо еднаш во брак
Додека среќниот брак влијае на продолжување на животниот век кај мажите и кај жените, разводот повеќе им служи на жените, после разделувањето мажите повеќе патат, а дури третина од нив доживуваат длабока старост. Кај разведените жени очекуваниот живот век е речиси идентичен на оние омажените, особено ако не се мажат повторно. Истражувањето исто така покажува дека децата на разведените родители живеат во просек пет години пократко од оние чии родители се во брак.

Стресната работа има и добра страна
Луѓето кои помлади се пензионираат живеат пократко од оние кои имаат стресна работа, покажа ова истражување. Бизнис задоволството, напредокот во кариерата и амбициозноста секогаш ги поттикнува луѓето, па дури и оние кои имаат стресна работа имаат поголема смисла за живот и живеат пет години подолго во споредба со оние кои што се неуспешни.




Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box