gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

seksi-pozaШто велат ѕвездите, со кого овој месец можете да шетате а со кого можете да одите во кревет. Прочитајте и проверете на своја кожа

Овен
Овен со овен? Може, само доколку сакате жежок секс после жестоки кавги. Бик ќе Ви носи појадок во кревет, а со Рак можете да одите во романтични прошетки, Вагата веднаш ќе ја сакате до крај.

Бик
Ракот сака да се мази, Девицата Ви е досадна, Скорпијата е само за една ноќ, а со Бикот ќе Ви биде генијално. По цел ден и ноќ во кревет. Само, кој од Вас двајца ќе се сети да ја смени постелнината.

Близнаци
Вие и Стрелец сте како две puzzle парчиња – совршен пар. Само кога не би била таа Водолија која потполно ќе Ви го заврти умот. Со Овен можете да имате огнени страсти, ама за жал со краток рок на траење.

Рак
Лавот експресно ќе Ви ја подигне самодовербата, а потоа ќе предизвика права бура на чувствата, со Скорпијата може да имате жешка афера и вкус на забрането овошје, но Јарец ќе биде оној правиот.

Лав
Секако дека сакате оган и страст, но Овен дури и за Вас е преексплозивен. Со Лав ќе бидете право дуо за игри без граници, а Девица во исто време и ќе Ве привлекува и ќе Ви оди по нервите. Наш совет – соочување со Водолија.

Девица
Овен Ви е само за една ноќ. Со Близнаци ќе имате најдобар секс во животот, Рибите се слатки, ама некомпетентни, а единствен кој што навечер ќе Ве однесе на опера, а наутро до оргазам е Водолијата.

Вага
Со Лав можете да бидете среќни само ако тој заборави на своите мачо манири и го намали апетитот. Скорпијата има премногу желби за Ваш вкус, Бикот е супер другар, ама ништо од пеперутки во стомакот, но затоа Водолијата е ветена земја.

Скорпија
Бикот е фасцинантен, меѓутоа неговата опсесија и страст може да биде опасна. Ракот е неодолив како највкусна пралина, само и од него, може да се разболите. Овенот е одличен, ама неверодостоен, а Лавот е на Ваше ниво.

Стрелец
Сексот со Скорпија е идеален за подигнување на егото, Рибите ќе Ве угушат со својата сентименталност, со Стрелец ќе бидете најгламурозен пар во градот, но Вагата Ви е судена.

Јарец
Овенот Ви е драг и Ви дава слобода. Што би сакале повеќе? Со Бик сте на седмо небо. Стрелецот ќе Ви зборува бајки кој тешко дека ќе ги реализира, а Рибите Ви се откритие на годината – заиграни и возбудливи како Вас

Водолија
Со Близнаците можете да експериментирате во кревет колку што Ви душа сака, Ракот ќе знае да Ве утеши одлично, ама нема да знае да Ве сака, Лавот избегнувајте го колку што можете, а со Водолија можете да бидете на седмо небо.

Риби
Лавот ќе Ве гледа како секси божица, со Скорпијата снимате трилер, со Стрелец можете да го освоите светот, само не заборавајте дека треба и да дишете, а со Јарец можете да откриете и пријател и љубовник.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box