gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

dnkБилетите за претстојниот концерт на Р&Б дуото ДНК кој што ќе се случи на 24-ти септември во Метрополис Арена се пуштени во продажба. Влезниците за концертот кој го организираат Продукција Република и План Б продукција, можат да се набават во Југотон, цвеќара Розе Веро 2 и Тобако Тугедер салоните низ цела Македонија.

Цената на билетите прогресивно ќе се зголемува, па така истата од денеска до 15-ти септември изнесува 200 денари, од 15-ти до 22-ри 250 денари, од 22-ри до 24-ти септември 300 денари, а на денот на самиот концерт влезницата ќе чини  350 денари. Вип влезниците за овој спектакуларен концерт како што го најавуваат организаторите изнесуваат 500 денари.

На сцената на Метрополис Арена, освен Панчо и Андреј, ќе се појават и нивните специјални гости кои ќе допатуваат од Хрватска, момците од хип-хоп составот Конект и официјалниот ДЈ на Едо Маајка- Оли Доболи.

Репертоарот на 24-ти септември ќе го сочинуваат песните од албумот „Кажано е се“, но и новите песни и соработки на ДНК меѓу кои е и нивниот последен сингл, дуетот со Ена - Од утро до мрак.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode