gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

deno merlin-1Пејачот Дино Мерлин ќе одржи концерт во Белград кон крајот на оваа година, што ќе биде негов прв настап во Србија после повеќе од дваесет години.

Веста за белградскиот концерт на прославениот кантавтор ја потврди и менаџерката на Мерлин.

Дино Мерлин во 2008 година го објави десетиот студиски албум „Испочетка“, а во мај оваа година ја претставуваше Босна и Херцеговина на Евросонг во Дизелдорф.

Пејачот на почетокот на оваа година во една емисија најави дружење со публиката во Белград.

„Возбуден сум поради концертот кој ќе го одржам во Белград, и што после долго време пак ќе се се сретнам со многу драги луѓе и пријатели кои со нетрпение го очекуваат моето доаѓање“ - рече пејачот и додаде дека „лошото траба да го оставиме зад нас, бидејќи музиката го победува секое зло“.


Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode