Напишано од Надица Петок, 19 Август 2011 10:37
Дали навистина е толку тешко да се спушти даската од ВЦ шолјата?
Зошто тој може да има феноменален секс со некоја жена, иако нема намера повеќе да ја види или да и се јави?
Колумнистите од магазинот на Опра побараа одговори на овие и слични прашања, всушност сакаа да откријат како функционира машкиот мозок.
Автомобилот го одржуваат беспрекорно, а дома живеат во хаос
Студијата за психологија во Оксфорд вели дека секој маж делумно се поистоветува со својот автомобил - тие не се во блиска врска со своето тело и можат да се врзат, да се рефлектираат низ предмет или некоја работа. Жените автомобилот го доживуваат како посебен ентитет. Тие не се врзани за материјалните работи туку се насочени кон полето на чувствата – вели Симон Барон Кохен, психијатар и автор на книгата “Есенцијална разлика: Машки и женски мозок”, додавајќи дека мажите многу подобро се снаоѓаат во просторот, додека жените се склони кон емпатија.
Сакаат да гледаат груб и насилен спорт, додека жените прават било што друго
Фудбалот има доста обожаватели и од понежниот пол (44,3 милиони жени го пратеа Светското првенство во фудбал 2010). Но, за мажите фудбалот, боксот и разните боречки вештини се работи кој ги привлекуваат. Тие имаат потреба да бидат агресивни.
-Хормоните се криви за овие реакции, како и нивното влијание на делови од мозокот, како што е хипоталамус кој кај животните е поврзан со агресија – тврди Lucy L. Brown , професор на неврологија на Einstein колеџот во Њујорк. Тоа го вклучува мозокот на мажот да мора да вика, да зборува од типот “срамни го”, “уништи го” само поради натпреварот на омилениот тим.
Кога се сконцентрирани на агресивност, мажите не сакаат да прават ништо друго, особено да разменуваат нежности со својата сакана. Колку и да се заљубени, за време на ваквите ситуации, сакаат жената да биде што подалеку од нив.
Страсно водат љубов со жена која никогаш повеќе нема да ја видат
Од почетокот на еволуцијата, работата на мажот е да го „прошируваат семето“, а на жените да пронајдат достоен татко за нивните деца. Но, со текот на времето сексот доби сосема друг тек. За мажите е премногу возбудлив сексот за една вечер и во неа се даваат себеси максимално. Никогаш нема да се дознае причината зашто мажите повеќе се трудат со девојка која никогаш повеќе нема да ја видат, а во редовниот секс со партнерката редовно им се случува да „кикснат“.
Инаку двете хемисфери на мозокот кај мажите и жените поинаку се споени. Тоа им овозможува на мажите поинаку да се концентрираат на своите цели, додека женскиот мозок е изграден да чувствува многу емоции истовремено – веднаш ги спојува љубовта и сексот – вели анторопологот Хелен Фишер од Универзитетот Rutgers.
Последни објавени во оваа категорија
- Мажите сакаат да разговараат со жените навечер, а тие наутро
- На мажите им е поважен „голем мозок“, отколку големи гради
- И името влијае на квалитетот на љубовниот живот
- Пет работи кои не сте ги знаеле за бакнувањето
- Изненадувачки и помалку бизарни факти за неверството и измамата
- Сузан Сарандон ја раскина врската со 30 години помладиот партнер
Најчитани во оваа категорија
- Како да знаете дека ТОЈ ВЕ САКА
- Мажите сакаат да разговараат со жените навечер, а тие наутро
- На мажите им е поважен „голем мозок“, отколку големи гради
- 10 квалитети кои мажите ги бараат кај жената
- Секси поза која ја сакаат 89% од мажите
- Како функционира машкиот мозок: 3 тајни кои науката не ги објаснила