gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

svadba5Многу примери, ако не околу вас, тогаш барем во светот на славните, покаживаат дека денес не е паметно премногу рано да се омажите. Така на пример, не беше успешен ниту бракот на Риси Витерспун, ниту на Кејт Хадсон, како ни Бритни Спирс, а и Аврил Лавиљ е една која ја направи оваа грешка на многу млади години.

Образованието и парите се двата главни услови кои одредуваат дали бракот ќе успее. Што повеќе жената е образована, толку се помали шансите таа да се разведе. Се смета дека до 25тата година можете да имате диплома, па според тоа, тие години се сметаат за најдобри за стапување во брак.

Освен тоа, во средните 20ти веќе имате некакво искуство со љубовните врски, според кои можете да го одберете „оној вистинскиот“.

Можеби најважен аспект на чекање е да ги откриете сами своите потреби и вредности, а тогаш е многу полесно да бидете во брак со некој кој дели слични погледи на животот.

Сепак немојте да заборавите дека 25тата година е долна препорачана граница за мажење, горна - секако нема, бидејќи љубовта на нашиот живот може да дојде било кога.

Најважно е да не брзате во брак и да не очајувате - сите коцкички ќе си дојдат на свое место, тогаш кога најмалку се надевате.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box