Напишано од Deko Четврток, 29 Септември 2011 21:20
Новата сезона на најпопуларната ТВ серија во моментов, Gossip Girl, започна да се прикажува од овој понеделник. И додека ние со нетрпение ја очекуваме секоја наредна епизода за да видиме со какви модни комбинации ќе не изненадат Блер и Серена, Македонката Радмила Булатовиќ ја имаше таа прилика да биде меѓу првите кои ѕирнаа во петтата сезона, и тоа, верувале или не, токму на снимањето на дел од епизодите.
Радмила е студентка на Катедрата за превод и толкување на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Во САД пристигнала преку студентска програма за работа, патување што освен работа и носи и многу возбуда и несекојдневни авантури.
Затоа ја замоливме за сите обожаватели на серијата да ни открие дел од доживувањата и дружењето со „елитата на Менхетн“. Ја прашавме како успеа да дојде до „Озборувачката“:
- Се' беше спонтано. Запознав пријателка која работи како статист во филмови и серии. Таа ми ги даде информациите како да ги најдам на снимање. Имав среќа кога одев до Њујорк тие да снимаат надвор од студио и така ги запознав сите. Осебно момците зад камерите се супер, па така некако стигнав и до некои од актерите.
За Елизабет Харли и за Чејс Крафорд (Нејт), Радмила вели дека не се многу дружељубиви. Но, верувале или не, „идната принцеза“ била прекрасна девојка и во живо.
- Најопуштена е Лејтон (Блер) која никогаш не покажува умор. Секогаш е расположена да се слика со фановите, да дава автограми, а и да поразговара. Исто така и Метју Сетл (Руфус) и Пен Бедгли (Ден).
Нејзините пријатели на Фејсбук со неверување коментираат на фотографиите направени на сетот. Особено и завидуваат на сликата со Ед Вествик:
- Сите реагираа бурно на сликата, некои од нив ме прашаа да не е фотошоп, некои кажаа дека се би дале да се на мое место, а братучетка ми сеуште ме мрази :). Инаку Ед премногу е недостижен и не сака гужви. Бидејќи бев неколку пати на сет знам како оди процедурата па успеав да избегам од групата фанови и бев сама па затоа се согласи да се слика. Беше многу пријатен се додека не слушна толпа фанови во позадина, па веднаш се сокри. Можеби карактерот не му е сличен со улогата која ја игра во серијата, како што вели тој, но однесувањето му беше исто. Одмерен, шармантен, и да, поубав е во живо отколку на камера.
Да се биде дел од едно такво доживување, Радмила ни потврди дека е мошне интересно и возбудливо, но обврските кон факултетот ја враќаат назад во Македонија, па и таа како и ние, за жал епизодите ке ги гледа само на интернет. Се надеваме во иднина повторно ќе има ваква шанса, а кога тоа ќе се случи Фортуна веднаш ќе ви пренесе дел од впачетоците.
Последни објавени во оваа категорија
- Од Македонија низ светот секаде се користи овошната каша од вишна од Компанијата Вивакс
- На снимање на кампањата за Вива соковите
- Летото може да започне
- Два нови летни вкусови на Вива Фреш соковите
- Саем на мебел со богата понуда и попусти за уредување на домот
- Прогласени најуспешните мажи во Македонија