gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Луѓето се различни и секоја врска е поинаква. Сепак, некои причини поради кои мажите ги оставаат партнерките, почесто се повторуваат. Доколку се однесувате вака, бидете спремни за промени или ќе останете сами.

НЕ ГО СЛУШАТЕ

Дајте му шанса да зборува. Можеби не е во право, но сеедно, сослушајте го неговото мислење. Мажите не остануваат долго во врска со девојка која размислува наместо него.

ДРУГАРКИТЕ ЈА КРОЈАТ ВАШАТА ВРСКА

Разбирливо е да имате пријателки и да ги слушате нивните совети. Но, ако дозволите тие да се вмешаат  во вашата врска и да донесуваат одлуки наместо вас, брзо ќе останете сами бидејки тоа ниеден маж не може да го толерира.

НЕ САКА СЕКАДЕ ДА ОДИТЕ ЗАЕДНО

Мажите не сакаат да ги третирате како чадор, па да го понесете секогаш кога ќе посакате и каде ќе посакате. Тие не сакаат да одат секаде со вас, исто како што не очекуваат вие да одите секаде со нив. Почитувајте го неговото време, но ценете го и вашето.

ВРСКАТА СТАНУВА ЗАТВОР

Каде беше? Што правеше? Со кого беше? Кој може да поднесе такво испитување секој ден. Ако е вашата врска затвор, а вие се однесувате како стражар, треба да знаете дека секој затвореник кога-тогаш ќе сака да избега.

ЈА ЗАГРОЗУВАТЕ НЕГОВАТА НЕЗАВИСНОСТ

Секоја врска е однос на две независни личности. Немојте да ја загрозувате неговата слобода, тој нема да го толерира тоа. Исто така, мажите сакаат кога ќе се потпрете на нив, но немојте да претерувате ни во тоа. Партнерка која не може сама да донесе ниту една одлука, е уште една причина мажот да посака да избега од неа.

ЧЕСТО КРИТИКУВАТЕ

Доколку ова го правите секојдневно, тој некогаш ќе се измори и ќе побара девојка која освен што ќе го критикува, ќе му дава и комплименти.

ЖИВЕЕТЕ ВО МИНАТОТО

Човечки е да се греши. Ако сте веќе спремни да му ги простите грешките бидете спремни и да ги заборавите. Константно потсетување на погрешни потези не ја води вашата врска во  иднина.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box