gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Додека повеќето жени работното време го минуваат пред комјутер, има и онакви кои заработуваат патувајќи или јадејќи сладолед. Еве 5 професии од соништата со кои би сакала да се занимава секоја жена.

Холивудски стилист
Стилистите се ослонуваат на смислата за мода за да смислат идеални комбинации на облекување за своите клиенти, поточно популарните личноси од шоу-бизнисот. Тоа вклучува следење на најновите трендови и многу, многу купување , а тоа е баш она што жените сакаат да го прават. Една од позитивните страни на оваа професија е тоа што секогаш ќе бидете облечени по последна мода, бидејќи стилистите честопати добиваат на подарок многу дизајнерски парчиња.

Организатор на патувања
Организаторите на патувања имаат за задача да планираат патувања на други луѓе, но и самите да учествуваат во нив. Тие се грижат за детали како што е резервирање на хотел, обезбедување храна, смислување на активности и слично. Исто така имаат улога на водич кој се грижи се да биде според планираното. Благодарение на оваа професија може да прошетате низ целиот свет, а особено е идеална професија за оние кои сеуште немаат оформено семејство.

Идеен создавач на вкус на сладолед
Различните вкусови на сладолед не настанале сами од себе. За нивното смислување одговорни се луѓе кои, според многумина,  имаат една од најдобрите професии на светот. Меѓу нив е и Дорота Спорс која е задолжена за креирање и испробување на нови вкусови во една американска компанија за производство на сладолед. Таа вели дека никогаш не и недостигаат идеи. И иако јаде многу слатки, Дороти има идеална фигура, а нејзината тајна е во тоа што од секој сладолед пробува по само една лажица.

Промотор на концерти
Кога работите како промотер на концерт, никогаш не може да ви биде досадно. Вашта работа е да создавате забава. Конкретно, задолженијата на промоторот на концерт се да прави план на турнеја, да ги бира датумите за одржување на концертите, да договара спонзорства и да организира обезбедување. Оваа работа е динамична и имам милион нешта кои може да ги правите.

Дизајнер на облека за кукли
Дизајнерот на облека за кукли има исти задолженија како и обичниот дизајнер - да ги следи модните трендови, да скицира модели, да бира материјали и да го надгледува производството. Разликата е во тоа што  за нивното производство треба многу помали производи од оние наменети за луѓето. Лили Мартинез која креира облека за Барби вели дека работата е интересна и креативна.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box