gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Предновогодишната атмосфера во Скопје ја подгреваат и Нокаут со голем концерт за своите фанови. На 28ми декември концертот е закажан во големата Метрополис Арена.

Нокаут и пријателите, заедно со Игор Џамбазов, Фиц (Студени Нозе) и Мио (Д.Н.О) најавуваат неповторливо музичко доживување.

Како покана за сите свои фанови, Нокаут објавија и нова песна:

"Оваа песна нека биде наша лична покана до фановите за акустичниот концерт на 28-ми декември на Саем, но и ветување дека многу наскоро ќе издадеме нов албум со свежа музика!" - стои на нивниот профил на Фејсбук.

Со музика на Никола Перевски-Пере, заеднички аранжман на Владимир Крстевски-Франц и Пере а текст на Мио од Д.Н.О., песната ќе биде дел од новиот албум на бендот, кој ќе излезе на почетокот на следната година.

"Знаеш каде да ме најдеш" за прв пат во живо ќе биде изведена токму на претстојниот концерт.

Еве како звучи песната:

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode