gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Претставата "Волшебникот од Оз"- мјузикл според Лиман Френк Баум, во режија на Боњо Лунгов од Бугарија, утревечер премиерно ќе биде изведена на сцената на НУ Театар за деца и младинци-Скопје.

Драматургијата на текстот е на Маја Енчева, која е и асистент на режија, сценографијата и костимографијата е на Дилјана Прванова, музиката е на Михаил Шишков, преводот и превевот на Никола Маџиров, а тонското снимање на сонгови е на Ален Хаџи Стефанов.

Во претставата настапуваат Нина Деан, Драган Довлев, Тања Кочовска Павловска, Ана Левајковиќ Бошков, Мартин Јорданоски, Петар Стојковиќ, Ефтим Тарајчов и Марија Ѓорѓијовска.

Директорот на НУ Театар за деца и младинци-Скопје, на денешната прес-конференција рече дека претставата е работена според сите прописи и театарски стандарди како ретко која претстава досега.

Share this post

Слушај радио во Живо

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box