gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Висината на снежната покривка  изутрината во седум часот на Попова Шапка достигна 180 сантиметри, 159  во Маврови Анови, 121 во Лазарополе и Пожаране, 90 во Крушево, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Тетово снежната покривка изнесуваше 89 сантиметри, 62 во Дебар, 34 во Прилеп, 30 во Претор, 29 во Битола, 28 во Скопје, 25 во Охрид, 20 во Крива Паланка, 17 во Кавадарци, 16 во Куманово, 10 во Берово и Виница, 6 во Струмица и 5 степени во Штип, Демир Капија и Гевгелија.

Минималните температури изнесуваат -9 степени во Куманово, -7 во Скопје и П.Шапка, -6 во Крива Паланка и Дебар, -5 во Штип, Маврово и Лазарополе, -4 во Кавадарци, -2 во Демир Капија и Крушево, 0 во Охрид, Битола, Прилеп, Струмица и Берово и 2 степена во Гевгелија.

Според УХМР, врнежите од снег попладне постепено ќе престануваат, ќе дува умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од -6 до 2 степена.

Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со услови за повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од -16 до -4, а дневната од – 8 до 0 степени. Во среда променливо облачно и студено со сончеви периоди, но и со услови за слаб снег претежно на планините. Утринската температура ќе се движи од -18 до -5, а дневната од -7 до 2 степена. Во четврток времето ќе биде облачно со повремени, умерени врнежи снег. Ќе дува умерен, попладне засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од -10 до -4, а дневната од -7 до 0 степени.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box