gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

После дваесетгодинишни договори и преговори, Ева Браун конечно во Скопје. На 28-ми април (21 часот) во клубот Хавана, Password продукција со гордост го најавува првиот македонски настап на Ева Браун, еден од најоригиналните и најсофистицирани бендови на српската сцена, состав кој 2007 година го имаше својот голем камбек, а три години подоцна и долгоочекуваниот повратнички албум Playback.

Ева Браун е поп група која доаѓа од малиот Бечеј, Србија, формирана 1989 година од Горан Васовиќ и Петар Долинка, набргу подоцна придружени од Милан Главашки и Љубомир Рајиќ.

Денес едни од поголемите хитови на групата се: "Сасвим обичан дан", "Змајеви", "25-ти август" и "Сада не знам где сам не знам шта".

Претпродажбата на влезниците за концертот на Ева Браун - наскоро, во продажната мрежа на МК Тикетс.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode