Напишано од Deko Четврток, 12 Април 2012 08:24
Ви здосади секоја година да имате исти јајца? Еве како оваа година да ги направите поинакви.
За првиот начин, се што ви треба е самолеплива хартија, ножици и малку трпение.
Потребно :
Тврдо варени јајца
Боја за јајца
ножици
Некоја самолеплива хартија
Подготовка:
1. На самолапливата хартија исцртајте било каква форма, може тоа да биде цвет, ѕвезда, буква, или едноставно линии или кругови. Нацртаната форма исечете ја со ножици.
2. Залепете ја хартијата на јајцето и малку притиснете ги краевите за убаво да се залепи за да не навлегува боја под налепницата и да не го наруши саканиот облик.
3. Кога ќе ги залепите сите облици, потопете ги јајцата во боја и оставете неколку минути. Извадете ги јајцата, и извадете ја налепницата.
Ако не сте потполно сигурни во своите креативни способности, барем обидете се со 2 или 3 јајца. Ако не сте успеале барем сте се обиделе. Успехот може многу да зависи и од квалитетот на бојата на јајца која ја користите.
СВИЛЕНИ ЈАЈЦА
Еве уште еден метод за шарени велигденски јајца.
Потребна ви е ткаенина која е 100% свила (можете да искористите кравата на пример). Колку е пошарена, толку јајцата ќе бидат поубави. Темно сина, виолетова и црвена боја најдобро се пресликуваат.
1. Исечете парче од ткаенината со која ќе го обвиткате јајцето така што шарената страна од платното ќе биде од внатрешната страна, односно ќе допира до јајцето.
2.Јајцата кои сте ги обвиткале со свила, обвиткајте ги уште еднаш во посветла ткаенина.
3.Ставете ги јајцата во тенџерето во кое ќе ги варите, наполнете го со вода, додајте малку оцет.
4. Оставете јајцата малку да се исушат на собна температура, па извадете ја ткаенината. По желба можете да ги премачкате со малку масло за јадење за да добијат сјај.
Последни објавени во оваа категорија
- Од Македонија низ светот секаде се користи овошната каша од вишна од Компанијата Вивакс
- На снимање на кампањата за Вива соковите
- Летото може да започне
- Два нови летни вкусови на Вива Фреш соковите
- Саем на мебел со богата понуда и попусти за уредување на домот
- Прогласени најуспешните мажи во Македонија