gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Официјално од денес можат да се набават влезницицте во Србија кои се пуштени во продажба за концертот на латино дивата Џенифер Лопез кој е закажан за 20 ноември во “Белградската Арена“.

Картите за концертот се продаваат по цена од 1.600 македонски денари па нагоре. Картите за нивото 2 може да се купат по цена од 2.125 денари, за нивото 1 по цена од 3.190 денари. Влезниците за фан пит може да се купат по цена од 2.285 денари. Влезниците за партер се движат од 1.600 македонски денари до 3.084 денари. Влезниците за ВИП делот се по цена од 11.718 македонски денари.

Влезниците можат да се купат секаде низ Србија или преку страната на “Белградската арена“.

Последна вест која ја пренесуваат српските медиуми е дека како специјален гостин на концертот на Лопез во Белград ќе се појави и латино заводникот, шармантниот Енрике Инглезијас.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode