gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

По педесетте концерти во 2011-та година, Суперхикс и оваа година ја стартуваа активно, а по традиција концертниот врв го остваруваат токму во летниот период.

Стартот на летната концертна сезона е токму овој викенд. Суперхикс ќе го реализираат првиот германски дел од годинашната турнеја каде што ќе бидат првите артисти од Македонија кои во Германија ќе имаат два настапи во еден ден. Во сабота, 16ти јуни ска-панк хероите ќе настапат во Дрезден во рамките на Lustgarten фестивалот, а веднаш по овој настап, продолжуваат на концертот кој ќе го одржат во Фрајберг.

По германската викенд турнеја, момците на 5ти јули ги очекува гостувањето во Чешка, на фестивалот Rock For People. Фестивалот веќе ги најави Хикси како ѕвезди на 18тиот по ред музички спектакл во Храдец Кралове, кој годинава ќе ги претстави и големите музички имиња како Faith No More и Prodigy. „Ска панк групата составена од шест момчиња, исполнета со балкански темперамент, на посетителите ќе им ја пренесе атмосферата од сончевата Македонија“, се додава во најавата на организаторите на фестивалот.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode