gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Т’к-Так Фест е веќе најавено дека има со цел да ја собере македонската рок елита. За сите оние кои со нетрпение очекуваат да слушнат добра музика еве ја и програмата за овој фестивал

На вечерта која ќе биде посветена на македонската рок легенда, прерано починатиот Трајко Каров, ќе уживаме во настапите на македонските рок ѕвезди: - Автограм - Триангл - Мики Јовановски – Џафер - Влатко Стефановски - Трн во око - Пу (Алпина) - Студени Нозе - Тоше Поп Симонов - Венко Серафимовски - Бубо Каров и Токму Така - Бени Шаќири - Влатко Илиевски и Морал - Александра Пилева - Аноними - Младост - Џам стар - Океан Пацифик - Игор Станоевски Трио.

Втората вечер која ќе се одржи на 30-ти јуни е наменета на новите македонски рок надежи, кои ќе се борат за една од првите три награди, и секако за гран при наградата Трајко Каров која ќе биде доделена на најдобриот тапанар, а вечерта ќе биде заокружена со голем концерт на македонската ска-панк атракција Суперхикс.

Двете фестивалски вечери ќе се одржат на градскиот стадион во Кавадарци со почеток од 21 часот.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode