gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар вечер во Градскиот парк по петти пат ќе го организираат мултимедијалниот настан „Види музика, слушни слика, добиј книга“.

Македонската филхармонија под диригентска палка на гостинот од Велика Британија Тимоти Редмонд ќе изведе незаборавни рок хитови во симфониски аранжмани, а како дел од оркестарот ќе бидат и Александар Поп Христов на електрична соло-гитара, Иван Бејков на бас-гитара, Емин Џијан на клавијатури и Гоце Стефковски на тапани и Здравко Ангелов кој ќе исполни неколку нумери на соло саксофон.

Ќе прозвучат хитови кои ги одбележаа 80-те и 90-те години: Angie – Rolling Stones, Every breath you take – Police, Stairway to heaven – Led Zepplin, Bohemian Rhapsody – Queen, Simply the best – Tina Turner, Thriller – Michael Jackson, Layla – Eric Clapton, Pride – U2, Another brick in the wall – Pink Floyd и др. Овие песни веќе се оркестрирани за симфониски оркестар и со голем успех изведувани од бројни оркестри во светот.

Сегментот „Добиј книга“ оваа година ќе го одбележи делото на Максанс Фермин со наслов „Снег“ од кое на присутната публика ќе и бидат подарени 20.000 книги.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode