gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Нашиот познат вез музичар Тони Китановски и оркестарот „Черкези“ вечерва ќе настапат на отварањето на музичкиот фестивал „Лент“ кој се одржува од 22 јуни до 7 јули во Марибор, Словенија.

Освен тоа штпо ќе го промовира својот најнов албум насловен „Шукар“ покрај него на главната сцена се наајвени „Индекси и пријателите“, Аки Ракимовски, Масимо Савиќ, Халид Бешлиќ, Жељко Бебек, Арсен Дедиќ, Британците „Скиндред“ и многу други.

Во 16 фестивалски денови на неколку сцени ќе настапат голем број светски музички имиња меѓу култните „Тито енд Тарантула“ (САД, Мексико), пејачката Мејси Греј, Марк Рибот и „Лос Кубанос постиз“ (САД, Куба), Ана Моура (Португалија), „Тамикрест“ од Мали, „Џамајкан леџенд“ и Бити Меквин (Јамајка), американскиот гитарист Лаки Петерсон, интернационалната формација „Фолкарт“.

Од балканските ѕвезди се најавени „САРС“, „Терафолк“, Мањифико и „Српски војни оркестра“, Влатко Стефановски трио, Кирил Џајковски, хрватскиот состав „Лолобриџида“ „Pips, Chips & Videoclips“ и многу други.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode