gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Во организација на Центарот за култура Битола денеска почнува 42. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, на кој во четири дена ќе настапат 32 културно-уметнички друштва и фолклорни групи од Австралија, Србија, Хрватска, Бугарија, Северен Кипар, Грција и од Македонија.

Ќе биде затворен на 30 јули со концерт на групата „Љубојна“ на античкиот локалитет Хераклеја.
Фестивалската програма содржи две вечери на традиционална музика и игра, староградска вечер и интернационална вечер на која ќе настапи еден атрактивен ансамбл од Северен Кипар заедно со другите гости од странство.

Програмата ќе биде збогатена со придружни манифестации, како „Ехо од дамарите“, семинар за традиционална музика и игра и првпат ќе бидат прикажани етнофилмови.

Градоначалникот на Битола Владимир Талески и директорот на битолскиот Центар за култура Борче Димитровски на прес-конференција пред два дена информираа дека градот е подготвен да ги пречека годинашните учесници на манифестацијата која е составен дел на битолското културно лето „БитФест“.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode