gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Македонската филхармонија најави настапи на познати светски уметници - солисти и диригенти - во новата концертна сезона 2012/2013. Таа ќе биде отворена на 27 септември со концерт на пијанистот Франческо Пиемонтези под водство на полскиот диригент Јануш Пшибилски.

Во новата сезона ќе гостуваат пијанистката Јулијана Авдеева, како и наградуваниот француски пијанист Жан-Ефлам Бавузе

Надвор од класичните концерти Филхармонијата ги издвојува настапот на прославениот либански музичар и композитор Марсел Калифе, кој ќе изведе негови композиции за уд и оркестар на концертот со тематски наслов „Арапски ноќи“, фантастичниот и забавен музички спектакл кој е меѓу најпродаваните во светот - Little Nightmare Music.

Македонската филхармонија и во сезоната 2012/2013 ќе ги задржи тематските циклуси „Виртуози“, „Лауреати“ и „Кирилица“. Промотивната продажба на претплатнички билети ќе почне на 10 септември.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode