gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Најпознатите композиции на „Леб и сол“, низ звукот на класичен оркестар, вечер ќе бидат изведени на сцената пред црквата Света Софија, во рамки на манифестацијата Охридско лето.

Станува збор за проектот „Леб и сол симфони“, во заедничка изведба на членовите на легандарниот македонски бенд и камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, Jeunesse moving orchestra“.

Клавијатуристот Кокан Димушевски, басистот Бодан Арсовски, гитаристот Димитар Божиков и тапанарот Михаил Парушев, на концертот низ звукот на класична изведба, на публиката ќе и ги понудат незаборавните „Бистра вода“, „Учи ме мајко карај ме“, „Ајде сонце зајде“, „Леб и игри“, „Галеб“, „Си заљубив едно моме“, „Параматма“, „Скакавац“, „Јовано Јованке“,...

Диригент ќе биде Саша Николовски-Ѓумар.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode