gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Во рамките на оф-програмата на „Охридско лето“ вечер во предворјето на црквата „Св.Софија“ во Охрид ќе настапи „Старовски“ со кабаре-чалгија перформанс инспириран од македонската поезија.

Верица Недеска, Верица Андреевска, Круме Стефановски, Дејан Спасовиќ и Јордан Костов ќе раскажуваат приказни и песни за жената, од нивниот прв албум „Прашинка љубов“, како и од новиот албум кој е во подготовка.

Поезијата во нивните песни е од македонските поети Петре М. Андреевски, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Блаже Конески, Никола Јонков Вапцаров и Константин Миладинов.

Автор на видео-инсталацијата е Сергеј Ѓоргиев, а костимите ги изработи Никола Булески Буле.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode