gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Во организација на продуцентската куќа „Трето Уво” на 10-ти и 11-ти овој месец во Античкиот театар во Охрид ќе се одржи единаесеттото издание на традиционалниот музички фестивал „Balkan Music Square“.

Првата фестивалска вечер ќе ја отвори групата „2Late” од Варшава, а по нив ќе настапи атрактивната грчка група „Balkan Colla” од Солун.

Втората фестивалска вечер ќе ја отвори популарниот португалски пејач на автентичниот музички стил „Фадо” - Марио Моита од Евора, а веднаш по него целовечерен концерт ќе одржи македонска фолк ѕвезда - Миле Кузмановски придружуван од тамбурашкиот оркестар ГЕЗМЕ од Куманово.

Влезот на фестивалот е бесплатен.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode