gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Вкупно 42 хорови и вокални групи од 16 држави ќе учествуваат на петиот по ред Меѓународен хорски фестивал што од утре до 27 август ќе се одржува во Охрид.

Фестивалот концепциски е поделен на два дела и тоа ревијален дел и натпреварувачки, а учесниците се поделени во неколку категории. Учесниците на фестивалот ќе имаат неколку настапи и тоа во рамки на натреварувачкиот дел, како и на посебни концерти со атрактивна програма со изведба на поп и фолк композиции и духовна музика.

За натпреварувачкиот дел е задолжено стручно жири составено од музички експерти и тоа Стојан Курет од Словенија, Запро Запров од Македонија, Алиција Шелуга од Полска, Весела Пастармаџиева-Котелникова од Бугарија и Антун Долички од Хрватска.

За настапите на хористите се резервирани Дијамантската сла во хотелот „Инекс-Горица“ и катедралната црква „Света Софија“, како и повеќе настапи на атрактивни локации на отворено.
Влезот за сите концерти на хоровите е слободен.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode