gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Новиот ајфон на „Епл“ излегува на пазарот денеска, сега со поголем екран и со безжична Г4 технологија, истовремено додека компанијата бара начин да го заштити својот нов производ од ривалите како „Самсунг Елекроникс“ и „Гугл“.

Ајфон 5 исполнува многу очекувања на обожавателите на технолошки направи и на аналитичарите на технологии, но на неговото претставување во средата понуди само малку изненадувања кои ќе им дадат на акциите на „Епл“ - кои се скоро на рекордна граница - уште еден голем раст.

- Не постои фактор на воодушевување, затоа што сето она што го видовме е веќе видено. Сепак мислам дека направија доволно задоволителен производ, вели Мајкл Јошиками, директор на компанијата „Дестинејшн Велт Мениџмент“.

Други аналитичари во индустријата, пак, шпекулираат околу тоа што претстои во производната линија на „Епл“, во пресрет на важниот крај на годината, посебно кога компанијата остана нема во врска со озборуваниот телевизиски приемник или за помалиот ајпад.

Џинот во потрошувачката електроника, кој во 2010 ги популаризираше таблет компјутерите преку својот ајпад, не навестува дали планира негова помала верзија за да им конкурира на поевтините таблети, како што се оние на „Гугл“ или на „Амазон“.

- Навистина би сакале да го видиме мини ајпад во понудата на производи на почетокот на оваа сезона на празници. Се уште имаат време за тоа, вели Чанминг Смит, ко-менаџер во фондот „Капитал Адвајзори“.  - Што побрзо го видиме тоа, ќе биде поубедлива цената на акциите во последната четвртина од годината.

Акциите на „Епл“ на крајот на денот во средата завршија за 1,4 проценти повисоко, на 669,79 долари по акција.
Последниот ајфон доаѓа додека „Епл“ се соочува со сегашните конкуренти како „Самсунг“ и „Гугл“. Последниот учесник во овој натпревар, „Мајкрософт“, сега се обидува да го протурка својот оперативен систем „Виндоус фон 8“ како алтернатива на „Епл“ и на „Андроид“, најупотребуваните оперативни системи за смартфони во светот.

Аналитичарите предвидуваат продажба на 10 до 12 милиони примероци од новиот ајфон само овој месец.
Извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, го отвори настанот во „Џерба Буена“ центарот во Сан Франциско, но директорот за маркетинг Фил Шилер беше тој кој го претстави ајфон 5 и ја водеше публиката во содржините на новиот телефон.

Ајфон 5 има 4 инчен екран, може да сурфа на високобрзинска 4Г ЛТЕ безжична мрежа и е за 20 проценти полесен од претходниот ајфон 4с.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box