gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Македонската филхармонија во четврток со концертот симболично насловен „Ш Ш Ш...“ ќе ја започне концертната сезона 2012/2013.

Диригент ќе биде познатиот полски диригент Јануш Пшибилски, а како солист ќе настапи швајцарскиот пијанист Франческо Пјемонтези.

На концертот насловен како „Ш Ш Ш...“ поради иницијалите на композиторите Шуман, Шуберт и Шенберг, чии дела се на програмата, ќе бидат изведени Концертот за пијано и оркестар од Роберт Шуман, ретко изведуваната Симфонија број 3 од Франц Шуберт и за првпат во Македонија ќе прозвучи Рондо Цингарезе на Клавирскиот квартет на Јоханес Брамс во оркестрација на Арнолд Шенберг.

Од Македонска филхармонија информираат дека концертната сезона изобилува со атрактивни солисти и диригенти, а задржан е и форматот на циклусите „Виртуози“, „Лауреати“ и „Кирилица“.

Под мотото Купи билет за Македонска филхармонија, промотивната продажба на претплатничките циклуси Фортисимо, Форте, Мецо и Пијанисимо ќе трае до четврток.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode