gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Официјално и гласањето заврши и познати се најдобрите 20 евергрин композиции кои ќе бидат изведени во Универзалната сала на 26 октомври.

Веќе е објавено дека изведувачите ќе бидат придружувани од симфонискиот оркестар на МОБ под диригентска палка на Бисера Чадловска. Кој ќе ги изведува песните ќе остане тајна до последната конференција за печат, затоа што сепак, поважни се самите композиции од изведувачите кои што сеуште не ни се познати.

Билетите можете да ги најдете од понеделник во Универална сала, Розе Веро 2, Тобако и купи карти за се. Во продолжение еве ја и комплетната листа на 20-те евергрин песни.

1. Сите мои слики – Ареа

2. Моја гитара – Банкрот блуз бенд

3. Дал да плачам ил да пеам – Биз без

4. Галебе – Верица Ристевска

5. Кажи нешто драга – Драган Мијалковски

6. Љуби ме и главата горе – Зафир и Сенка

7. Како Вардар – Зафир Хаџиманов

8. Остани во мене – Калиопи

9. Ивана – Кемал Монтено

10. Високи штикли и црни чорапи – Конкорд

11. Неправда – Лева патика

12. Сонце за три светови – Мики Јовановски – Џафер

13. Кажи зошто ме остави – Никола Боби Автовски

14. Еден бакнеж – Нина Спирова

15. Се што сакав по тебе – Симеон Гугуловски

16. Тајно моја – Тоше Проески

17. Осамен – Трајче Манев

18. Срце тетовирано – Трифун Костовски и Александар Митевски

19. Кога те нема – Хелена Благне

20. Роза сина – Диме поповски и Зоран Милосавлевиќ

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode