gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Во Универзална сала вечер ќе се одржи манифестацијата „Македонски евергрин“ за 50 години забавна музика во Македонија. Ќе бидат изведени 20-те композиции кои според изборот на македонските граѓани се најслушани во изминатите децении.

Избрани се песните: „Тајно моја“ од Тоше Проески, „Сите мои слики“ од „Ареа“, „Галебе“ од Верица Ристевска, „Како Вардар“ од Зафир Хаџиманов, „Ивана“ од Кемал Монтено, „Високи штикли и црни чорапи“ од „Конкорд“, „Еден бакнеж“ од Нина Спирова, „Моја гитара“ од „Банкрот блуз бенд“, „Дал да плачам“ од „Бис без“, „Кажи нешто драга“ од Драган Мијалковски, „Неправда“ од „Лева патика“, „Сонце за три светови“ од Мики Јовановски-Џафер, „Кажи зошто ме остави“ од Никола Боби Автовски, „Се што сакав по тебе“ од Симеон Гугуловски, „Остани во мене“ од Калиопи, „Осамен“ на Трајче Манев, „Срце тетовирано“ од Трифун Костовски и Александар Митевски, „Љуби ме и главата горе“ од Зафир и Сенка Хаџиманов, „Кога те нема“ од Хелена Благне и „Роза сина“ од Д.Поповски и З. Милосављевиќ.

За забавните хитови се гласаше  со СМС-пораки и на интернет-страницата на списанието „Теа модерна“. Како што информираше организаторот Грин ентертаинмент - Скопје, на гала-вечерта ќе учествуваат познати музички имиња и групи од македонската естрада, кои ќе бидат изненадување за  посетителите во Универзалната сала. Влезниците за „Евергрин МК“ се по цена од 500 денари.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode