gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Суперхикс во рамките на големиот позитивен концерт подготвуваат низа мали славенички изненадувања за своите фанови, а првата акција од Хикси пропагандата за музичко будење стартува во понеделник, 12ти ноември.

Со акцијата насловена „Кој нѐ слуша, нека игра“, во наредните денови банда инструментале најавуваат акустичен упад во скопските средни училишта.

Акцијата е поддржана и од „Бирото за развој на таксиратџии“, според кое одредено е дека оваа учебна година, свиречката акција е задолжителен дел од музичката наставна програма на идните полнолетни аудиофили. Со оваа програма предвидени се најмалку шест Хикси часа неделно, со два резерва. 

Акцијата „Кој нѐ слуша, нека игра“ вклучува задолжително упад-присуство во школските клупи и за Суперхикс банда инструментале, кои ќе подлежат и на класен испит, пред конечно на 1ви декември да бидат официјално прогласени за легален полнолетен бенд.

Задачата на Хикси вклучува поход во средните училишта во Скопје со акустична сесија на часот по музичко, а средношколците ќе можат да изведат една песна од Суперхикс кои сами ќе ја одберат. За најдобриот Суперхикс средношколски „кавер“, бендот подготвува посебно изненадување, кое ќе пристигне токму на позитивниот концерт во „Метрополис Арена“ на 1ви декември.

За помалку од месец дена нашата најактивна банда инструментале СУПЕРХИКС ќе го прослави своето полнолетство со голем Позитивен концерт во рамките на годинашното издание на TАКСИРАТ фестивал. Веќе највениот концерт е финално одбележување на славеничката година за Суперхикс, во која бендот го прославува своето полнолетство, 18те години од формирањето на групата.

На 1ви декември, Суперхикс после 8 години се враќаат на истата „антологиска“ локација, скопската „Метрополис Арена“, каде ќе го прослават своето креативно полнолетство, а за своите фанови на овој концерт подготвуваат незаборавна позитивна фешта.

Како што бендот веќе најави, Хикси интензивно работат и на подготовките за нивниот нов (четврти) студиски албум. Одлично наговестување за ска-панк експлозијата што не очекува на новото студиско издание се хит-сингловите „На лута рана“, „Африка“ и последниот „Ти треба некој“ кој беше промовиран годинава и со видео спот, на регионалниот „MTV“ музички канал. Објавувањето на албумот е најавено за годинава, а промоцијата во живо овој албум ќе ја има токму на 1ви декември, во Метрополис Арена.
 

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode