gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

„Ljubojna brass fantasy“ е новиот проект и ЦД на македонската група „Љубојна“, кој на публиката ќе и биде претставен вечер на концерт во Универзална сала. На концертот ќе биде изведена егејска или беломорската музика.

Според Оливер Јосифовски, фронтменот на „Љубојна“, концертот ќе донесе бучна, сончева раздвижена, жива музика со многу луѓе на сцена. Освен Вера Милошевска, на сцената ќе има уште седум женски вокали од Битола, кои се под заштитното име на КУД „Илинден“. Милошевска ќе биде во носија и ќе игра две егејски ора.

Проектот „Ljubojna brass fantasy“ беше премиерно изведен на затворањето на 42. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, кој со поддршка на Министерството за култура го организираше Центарот за култура од Битола.

Досега „Љубојна“ има издадено четири албуми. Познати се нивните песни „Твојте очи Лено“, „Мори чупи костурчанки“, „Крена Мартината“... Новото ЦД деновиве ќе излезе во јавност.

Концертот на „Љубојна“ е дел од годишнава програма на манифестацијата „Есенски музички свечености“. Концертот е во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, Центарот за култура на Битола и Универзална сала.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode