gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Почнувајќи од оваа, во секоја наредна сабота во 12 часот, во просториите на галерија „Ко-Ра“ (Дом на градежници) ќе се одржува стрип школа за средношколци.

Школата е наменета за ученици од средните училишта и е бесплатна. Ќе се одржува во наредните 12 викенди. Ќе ја организира Здружението за промовирање на стрип културата „Макстрипови“, под покровителство на Град Скопје.

Предавачи се стрип авторите Здравко Гиров и Давор Драмиќанин, а предавањата ќе бидат збогатени со многу гости-предавачи, професионалци во сродни медиуми на стрипот: цртачи, илустратори, сценаристи, аниматори, режисери...

Целата активност ќе заврши со групна изложба на младите таленти и промотивен број на стрип магазинот „Синдром“ во кој ќе бидат објавени делата на македонските стрип цртачи.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box