gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Следниот понеделник, на 17-ти декември, во салонот на Македонската Опера и Балет свој концерт ќе одржи Биг Бендот на ФМУ со асамбли и солисти од класите на Кире Костов, Александра Поповска (Даутовски квартет), Иван Иванов, Кирил Туфекчиевски,Мартин Вучиќ и Дамјан Пејчиновски – Пејчин (Шајн) од новата студиска програма за популарни жанрови.

Под диригентската палка на маестро Кире Костов на концертот ќе бидат изведени светски познати поп, рок и џез композиции, а на сцената на МОБ публиката ќе може да ги слушне изведбите на афирмираните професори кои ќе настапат заедно со своите студенти.

Нико Ѓорѓиевски и Виктор Апостоловски кои јавноста ги познава како едни од финалистите од музичкото шоу „Македонски Идол“ ќе бидат дел изведувачите кои ќе настапат на овој концерт.

Популарните Still Loving You од Scorpions, Be Yourself од Audioslave и Chris Cornell, What A Wonderful World од Bob Thiele и George David Weiss, прекрасната One More Once од Michel Camilo, се само дел од репертоарот кој Биг Бендот ќе го изведе во понеделник. Концертот ќе започне во 20 часот, а влезот е слободен.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode